Македонски  l  English
 
Missions.gov.mk   l   Мапа на сајтот
Почетна » АПЛИЦИРАЈ ЗА ПАТНА ИСПРАВА (ПАСОШ)
АПЛИЦИРАЈ ЗА ПАТНА ИСПРАВА (ПАСОШ)
Print this pageDecreese text sizeIncrease text size 

            С О О П Ш Т Е Н И Е

     Заинтересираните македонски државјани од Австралија и Нов Зеланд можат да аплицираат за македонски патни исправи (пасоши), непосредно во Генералниот конзулат на Република Македонија во Мелбурн или во Амбасадата на Република Македонија во Канбера.

      Можно пријавување во:

Генерален Конзулат на Република Македонија во Мелбурн

      Амбасада на Република Македонија во Канбера

             НАПОМЕНА:

             - Доколку апликантот се пријавува преку електронска пошта, задолжително е да ги наведе точно личните податоци во формуларот/барањето и да го испрати во прилог.

            - Доколку апликантот се пријавува лично, потребно е претходно закажување за термин и почитување на работното време на одделението за конзуларни работи при Генералниот конзулат или Амбасадата.

            - Доколку апликантот се пријавува преку пошта, потребно е печатење на формуларот/барањето, пополнување (согласно упатството наведено на формуларот/барањето) и доставување со Express Post.

Апликантите е потребно да ги имаат следните податоци:

  • единствен матичен број (ЕМБГ),
  • последна адреса на живеење во Република Македонија,
  • адреса на постојан престој во Австралија или Нов Зеланд,
  • телефонски број за контакт.

По пријавувањето, апликантите ќе бидат проверени од надлежните служби во Република Македонија и по утврдениот статус за македонско државјанство, апликантите ќе бидат контактирани од страна на овластените лица од Амбасадата или Генералниот конзулат на Република Македонија.

Со цел за олеснување на постапката за обезбедување на македонски патни исправи (пасоши), постои можност за реализирање на конзуларни денови во градовите со поголем број на апликанти заради земање на нивните биометриски податоци (сликање, отисок од прсти и потпис).

При сликање за патна исправа (пасош), задолжително е апликантите да достават на увид еден од следните македонски документи:

  • лична карта,
  • македонска патна исправа (пасош),
  • македонска возачка дозвола,
  • македонски извод од матична книга на родени,
  • уверение за државјанство на Република Македонија.

Исто така потребно е да се презентира и еден странски важечки документ:

  • ПАСОШ (Австралиски или Нов Зеланд)
  • ВОЗАЧКА ДОЗВОЛА (Австралиска или Нов Зеланд)
  • ИДЕНТИФИКАЦИОНА КАРТА (Photo ID card)
  • ПЕНЗИОНЕРСКА КАРТА (Pensioner Concession Card)
  • ЗДРАВСТВЕНА КАРТИЧКА (Medicare card) 

Електронската АПЛИКАЦИЈА можете да ја превземете со кликнување тука.

Потребно е: превземање, зачувување на апликацијата во вашиот компјутер, пополнување и повторно зачувување на внесените податоци. При аплицирање по електронска пошта задолжително е приложување на пополнетата апликација кон електронското писмо.

Цената на македонска патна исправа (пасош) изнесува:

РЕДЕН БРОЈ
 
ИЗДАВАЊЕ НА ПАСОШ
Цена во $ АУД
1
За деца до 4 години
35
2
За лица од 4 до 27 години
40
3
За лица постари од 27 години
45
4
За дупликат на лица помлади од 27 години
45
5
Дупликат на лица постари од 27 години
45
6
Замена на оштетен важечки пасош на лица помлади од 27 години
45
7
Замена на оштетен важечки пасош за лица постари од 27 години
45

 

Контакт
25 Cobbadah Street, O’Malley 2606 ACT
,
тел: +61(2) 62 82 62 20
фах:

www.missions.gov.mk/canberra
Вести од амбасадата
28 Март 2012 година
СООПШТЕНИЕ

повеќе вести >>

Македонија на мапа
Прегледај мапа »