Македонски  l  English
 
Missions.gov.mk   l   Мапа на сајтот
Почетна » Граѓански услуги во РМ
Граѓански услуги во РМ
Print this pageDecreese text sizeIncrease text size 

Сите информации на едно место:  www.uslugi.gov.mk

Интернет страницата УСЛУГИ e единствена точка за пристап до информациите за услугите кои Владата на Република Македонија ги нуди на граѓаните и бизнисите

USLUGI.GOV.MK претставува резултат на заложбите на Владата на Република Македонија за поефикасна и потранспарентна работа на администрацијата преку овозможување на јавна презентација на услугите кои се ориентирани кон граѓаните и деловните субјекти.

Ваквата онлајн презентација на услугите на Владата на Република Македонија претставува исполнување на стандардите за поквалитетно живеење, побрз економски и социјален развој и претставува чекор напред во исполнување на европските стандарди согласно:
  • Министерска декларација од министерската конференција за евлада 2005 во организација на Европската Комисија, http://www.egov2005conference.gov.uk/ 
  • i2010 – A European Information Society for growth and employment – 5 годишна стратегија на Европската комисија за развој на дигиталната економија, http://europa.eu.int/information_society/eeurope/i2010/index_en.htm
Потребата за воспоставување на порталот uslugi.gov.mk дополнително се наметна по усвојувањето на првата фаза од законот за слободен пристап до информации од јавен карактер. Обврската за транспарентност во работата на органите на државната управа е утврдено во Законот за организација на работа на органите на државната управа, каде своите надлежности ги извршуваат врз основа на начелата на законитост, одговорност, ефикасност, економичност, транспарентност, еднаквост и предвидливост.
Со Воспоставување на uslugi.gov.mk како единствена точка за пристап до информациите за услугите кои Владата на Република Македонија ги нуди на граѓаните и бизнисите се овозможи
  • Намалување на времето потребно за пронаоѓање на информациите за услугите на Владата
  • Навремен и едноставен пристап до информација за промена во услугите на Владата
  • Намалено време за дистрибуција на информациите за услугите
  • Поврзување на органите на Владата и воспоставување на појдовна точка за воспоставување на централно место за градење на “владино знаење”
  • Воспоставување на процедури за едноставна промена на постојните и воведување на нови услуги
USLUGI.GOV.MK претставува систем со скалабилна архитектура кој ни овозможува едноставно проширување на капацитетите во моментот кога ќе се појави потреба за тоа. Во следните фази на развој на USLUGI.GOV.MK се предвидува надградба која ќе овозможи потполна двонасочна комуникација помеѓу граѓаните и Владата .
Подготовката, обработката и објавата на содржините е целосно децентрализирана и дистрибуирана низ сите органи на Владата. За подготовката, обработката и објавата на содржините за секоја услуга директно се надлежни ресорните државни службеници. Секое прашање во врска со соодветна услуга пристига кај ресорните државни службеници кои се грижат за навремен и квалитетен одговор.
За квалитетот на содржините и оперативноста на сите државни службеници се грижи централно координативно тело во состав на Генералниот секретаријат на Владата на Република Македонија.
Контакт
25 Cobbadah Street, O’Malley 2606 ACT
,
тел: +61(2) 62 82 62 20
фах:

www.missions.gov.mk/canberra
Вести од амбасадата
28 Март 2012 година
СООПШТЕНИЕ

повеќе вести >>

Македонија на мапа
Прегледај мапа »