Македонски  l  English
 
Missions.gov.mk   l   Мапа на сајтот
Почетна » Македонија и ЕУ
Македонија и ЕУ
Print this pageDecreese text sizeIncrease text size 

Членството во Европската Унија е стратешки интерес на Република Македонија од нејзиното осамостојување. Oд воспоставувањето на дипломатските односи со ЕУ во декември 1995, Република Македонија се легитимираше како партнер од доверба и вистински сојузник на Европската унија, при тоа не прескокнувајќи ниту една институционална етапа во приближувањето кон Унијата: од склучување на Спогодбата за соработка, преку Спогодбата за стабилизација и асоцијација, до стекнувањето на кандидатскиот статус.

Во декември 2005 година, со стекнувањето на статусот земја-кандидат за членство во ЕУ, Република Македонија влезе во клучна фаза од процесот на европската интеграција. Одлуката на Европскиот совет за доделување на кандидатскиот стаус беше политичко признание за напредокот кој го постигна Република Македонија во остварувањето на реформските процеси и во градењето на отворено, демократско општество.

Целта на Република Македонија на среден рок е целосно да ги исполни европските стандарди за функционална демократија и просперитетна пазарна економија, оспособена да ги преземе обврските од членството во ЕУ. Агендата за пристапување на државата во ЕУ е рефлектирана во Националната програма за усвојување на правото на ЕУ (законодавни измени и мерки за институционално зајакнување на краток и среден рок), Претпристапната економска програма (мерки за исполнување на копенхашките економски критериуми) и Националниот план за развој (инвестициони приоритети за остварување на развојните цели на државата).

Главните краткорочни цели на Владата на Република Македонија во односите со Европската Унија се отпочнување на пристапните преговори и либерализација на визниот режим на ЕУ кон граѓаните на Република Македонија.

Контакт
25 Cobbadah Street, O’Malley 2606 ACT
,
тел: +61(2) 62 82 62 20
фах:

www.missions.gov.mk/canberra
Вести од амбасадата
28 Март 2012 година
СООПШТЕНИЕ

повеќе вести >>

Македонија на мапа
Прегледај мапа »