Македонски  l  English
 
Missions.gov.mk   l   Мапа на сајтот
Почетна » Конзуларни информации » Корисни информации
Корисни информации
Print this pageDecreese text sizeIncrease text size 
                                            
     Почитувани,
     Eдна од основните функции на Амбасадата на Република Македонија во Канбера, заедно со Генералниот конзулат во Мелбурн согласно правните рамки, надлежностите и во рамките на своите можности, да даваат услуги и помош на државјани на Република Македонија.
Досегашното искуство во работата, покажало дека лицата кои се обраќаат во Амбасадата на Република Македонија во Канбера и Генералниот конзулат во Мелбурн, се однесува на проблематиката за конзуларно работење и барање на правни совети.

 ВАЖНО: Лицата при доаѓањето во Амбасадата во Канбера, односно Генералниот конзулат во Мелбурн, задолжително е со себе да понесат важечки документ со фотографија заради идентификација (македонски пасош, лична карта, австралиска возачка дозвола или австралиски пасош).

 Доколку се работи за заверување на полномошно, потребно е да се обезбедат податоци за лицето кое се ополномоштува во Република Македонија (единствен матичен број, број на лична карта и адреса на живеење), исто така е потребно да се обезбедат точни податоци за предметниот имот во Република Македонија (број на катастарска парцела, копии од имотен лист, броеви на штедни книшки доколку се работи за парични средства кои се предмет на наследување).

Државјаните на Република Македонија во Австралија и Нов Зеланд, кои од различни причини немаат важечки македонски патни исправи, должни се да аплицираат за издавање на патен лист кои што ќе послужи за патување кон Република Македонија. Потребни документи:
- доказ за државјанство на Република Македонија (истекнат македонски пасош, лична карта или уверение за македонско државјанство)
- еден идентификационен документ со фотографија и 3 фотографии со големина како за пасош.

НАПОМЕНУВАМЕ: Патниот лист може да послужи само за патување кон Република Македонија, а важноста на патниот лист е до 30 дена од издавањето.

СЕ ИЗДАВА ЛИЧНО НА БАРАТЕЛОТ.

За издавање на патен лист за малолетно лице, покрај погоре споменатите документи задолжителна е согласност од двата родители.

Корисниците на македонски пензии кои имаат регулиран престој во Австралија, со цел за продолжување на исплатата на нивните пензии е потребно да обезбедат потврда за живот која што може да се издаде само во Амбасадата на Република Македонија во Канбера или Генералниот конзулат во Мелбурн.

НАПОМЕНУВАМЕ: За издавање на вакви потврди лицата треба лично да се обратат до дипломатско конзуларните претставништва и притоа да понесат со себе еден важечки документ со фотографија заради идентификација на идентитетот.

Македонските државјани кои склучиле брак во Австралија се должни да го пријават во Република Македонија. Деца родени во Австралија чии што родители се државјани на Република Македонија можат да извршат упис во надлежните матични книги во Република Македонија, а воедно и во регистерот на македонски државјани.
Тоа можат да го направат со давање полномошно на одредено лице во Република Македонија или пак преку Амбасадата во Канбера или Генералниот конзулат во Мелбурн.

ВАЖНО: Потребно да обезбедат оригинални (или пак заверени копии од оригиналниот извод), изводи од венчани и родени, преведени на македонски јазик и пасошите на двата родители.

НАПОМЕНУВАМЕ: Доколку еден од родителите не е македонски државјанин, задолжително е да даде изјава-согласност, за упис на детето во регистерот на македонски државјани.

Контакт
25 Cobbadah Street, O’Malley 2606 ACT
,
тел: +61(2) 62 82 62 20
фах:

www.missions.gov.mk/canberra
Вести од амбасадата
28 Март 2012 година
СООПШТЕНИЕ

повеќе вести >>

Македонија на мапа
Прегледај мапа »