- Барањето за издавање патен лист за враќање во земјата се поднесува лично.
-Доколку лицето не поседува документ со фотографија и не може да се утврди неговиот идентитет и државјанството на Р. Македонија, за издавањето на патниот лист треба да се добие согласност од МВР и постапката задолжително се одвива и процесуира преку НВИС. Во тој случај се наплатува 39,00 евра.
-Барањето за издавање патен лист за малолетно дете треба да го поднесат лично двата родители. Доколку еден од родителите е странски државјанин во тој случај овој родител треба во Амбасадата да даде Изјава за согласност. Такса за заверка на ваквата изјава изнесува 20.00 евро.
Документите потребни при поднесувањето барање за утврдување државјанство на Р.Македонија, како и за прием и отпус заедно со формуларите се наоѓаат на страната Документи Апликации на овој сајт.
3.Запишување во МЕ
За запишување на дете во МКР (матичната книга на родените) на РМ потребно е:
- Извод од матичната книга на родените на интернационален образец за земјите членки на Конвенцијата за издавање изводи од матичната книга на повеќе јазици/Виена 1976/.
За државите кои не се членки на Конвенцијата (како што е Египет), изводите од МКР треба да бидат легализирани со печат АПОСТИЛ и со заверен превод на македонски јазик.
- ПРИЈАВА за запишување во МКР која треба да биде поднесена од двата родители кои треба лично да ја потпишат во амбасадата.
- Патни исправи на родителите;
- Извод од матична книга на венчани за родителите;
- Виза за престој во државата каде што е родено детето.
*Пријавата се наоѓа на страната Документи и Апликации на овој Сајт.
Упис во МКВ на Р.Македонија:
Потребни документи:
- Барање поднесено лично од сопружниците.
- Патни исправи за утврдување на идентитетот;
- Пополнување на формулар за запишување на брак во МКВ на РМ;
- Виза за престој во државата каде што е склучен бракот.
*Пријавата се наоѓа на страната Документи и Апликации на овој Сајт).
Упис во МКУ на РМ:
Потребни документи:
- Барање
- Патна исправа на пријавителот на смртта;
- ИМКУ (интернационален или оргинален со превод на македонски јазик)
*Барањето се наоѓа на страната Документи и Апликации на овој Сајт.
4. Издавање други документи
- Издавање на различни ПОТВРДИ во ДКП: за буква, за државјанство, за име, и сл. (21.00 ЕВРА);
- Издавање на документи од РМ: Уверение за државјанство, за неосудуваност, за слободна брачна состојба и сл.
Такса во износ од 31 евра
-Прибавување изводи од МЕ
Такса во износ од 31 евра
-За заверка на изјави и полномошна потребно е: лично присуство на лицето,патна исправа и виза за престој во државата (за барањето 8,00 евра, за подготовка на текстот 10.00 евра, за заверката во износ од 13.00 Евра), вкупно 31.00 евра.
- Заверка на наследнички изјави: позитивна, негативна и отстапување на наследен дел (38,00 евра за првата страна и 4.00 евра за секоја понатамошна страна)